вторник, 22 октомври 2024

Панама го менува ставот за мароканска Сахара, го поддржа мароканскиот план за автономија

Во вторникот Панама ја изрази својата поддршка на мароканската иницијативата за автономија претставена во 2007 година, како единствена основа за праведно и трајно решение на регионалниот спор околу мароканската Сахара, обврзувајќи се да ги дефинира своите идни активности и да заземе став врз основа на оваа декларација.

Објавено на

часот

Сподели

Оваа централноамериканска земја на тој начин ја ажурираше својата национална позиција во однос на вештачкиот конфликт околу мароканската Сахара, што претставува значителна еволуција.

Ваквата позиција претставува дел од меѓународниот моментум поттикнат од планот за автономија на јужните провинции, што Панама, како и многу други земји, го смета за единствено решение за овој вештачки спор.

Заедничката декларација, која беше потпишана по билатералните разговори одржани преку видео конференција меѓу министерот за надворешни работи, африканска соработка и марокански иселеници, Насер Бурита и неговата колешка од Панама, Јанаина Тевани Менкомо, претставува одраз на панамското уверување дека решението на овој конфликт може да биде реално само доколку е потврдено со резолуциите на Советот за безбедност на ОН.

Поттикната од ова убедување, Панама нагласува дека покрај изборот на реално решение, оваа земја исто така се залага и за компромисно решение кога станува збор за здружување на сите засегнати страни во заедничките напори за изнаоѓање на дефинитивно решение.

На тој начин ставот на Панама се усогласува со оној на огромното мнозинство на меѓународната заедница, што ја нагласува централната улога на ОН, особено на нивниот Совет за безбедност, во барањето на дефинитивно политичко решение.

Преку оваа Декларација, Република Панама се приклучува на мнозинството земји од меѓународната заедница (повеќе од сто), кои мароканската иницијативата за автономија ја означија како единствено решение за регионалниот спор околу мароканската Сахара, на тој начин поддржувајќи ги сериозните и веродостојни напори на Мароко, а оддалечувајќи се од екстремните нереални решенија кои го пролонгираат спорот и ја одложуваат регионалната интеграција во Северна Африка.

Панама денес недвосмислено застанува во одбрана на реалистичното компромисно решение, отворајќи го патот на засегнатите страни и на ОН да го спроведат ова решение кое нуди мир, стабилност и просперитет на регионот Магреб и на Сахел.

Панама со одлучност го отвора патот за плодна соработка со Мароко, кое благодарение на визијата на Неговото височество кралот Мухамед VI стана регионален центар и мост помеѓу африканскиот и американскиот континент.

Заедничката декларација ја потврдува и заедничката волја за консолидирање на билатералните односи и зајакнување на соработката и ги идентификува перспективните сектори во оваа насока.

Благодарение на оваа позиција изразена во Заедничката декларација, се ослободуваат енергијата и потенцијалот за билатерална соработка меѓу две земји чии географски локации се единствени и стратешки на Гибралтарскиот теснец и Панамскиот канал.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ