вторник, 22 октомври 2024

Палма де Мајорка под вода, поплавен е и аеродромот (ФОТО+ВИДЕО)

Вчера попладне силен дожд поплави делови од популарната шпанска туристичка дестинација Палма де Мајорка, а во големи проблеми беше и тамошниот аеродром, поради што беше затворен извесен период.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Дури и пистите беа поплавени. На социјалните мрежи кружат видеа од поплавата каде некои вработени дури и нуркале за да покажат колку е длабока водата.

Метеоролошката станица на аеродромот забележа врнежи од речиси 5 сантиметри на час, кои го достигнаа врвот од 9 сантиметри за помалку од еден час.

Сведоци велат дека се било хаотично и дека патниците трчале да се засолнат од дождот кој пропуштал низ покривот на аеродромската зграда, пишува Мајорка Дејли Булетин.

Аена, операторот на аеродромот во Палма де Мајорка, потврди дека имало поплави на некои влезови во објектот и во зградата на терминалот.

Во соопштението се наведува: „Аеродромот во Палма де Мајорка е привремено парализиран поради ударот на силна бура, поради неможноста за безбедно функционирање“.

Аеродромот – трет по големина во Шпанија – активираше план за итни случаи и летовите до Мајорка беа привремено пренасочени на алтернативни аеродроми, рече министерот за транспорт Оскар Пуенте.

По извесно време, кога дождот престанал, аеродромот продолжил со работа.

„Првите полетувања и слетувања се веќе започнати, а пренасочените летови се очекува да слетаат на аеродромот во текот на попладневните часови“, додаде Аена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ