петок, 25 октомври 2024

Палестинскиот претседател назначи нов премиер

Палестинскиот претседател Махмуд Абас денеска го назначи Мохамед Мустафа на местото премиер на Палестинската самоуправа (ПС), објави денеска палестинската државна новинска агенција ВАФА.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Назначувањето на Мустафа доаѓа по зголемениот притисок да се реформира управното тело на окупираните палестински територии и да се подобри неговото владеење на окупираниот Западен Брег.

Новиот премиер е назначен да ја води хуманитарната помош и обновата на Појасот Газа, да ги реформира институциите на Палестинската самоуправа, додаде ВАФА.

Мустафа е замена за премиерот Мохамед Штајах, кој поднесе оставка во февруари заедно со остатокот од владата.

Палестинската самоуправа, во која доминираше политичката партија Фатах, имаше административна контрола над Газа до 2007 година, кога Хамас победи на општите избори во окупираните територии и ја протера ПС од Појасот Газа. Оттогаш, Хамас владее со Газа, додека ПС владее со делови од Западниот Брег под израелска окупација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ