недела, 20 октомври 2024

Палестинец со автомобил се заби во израелско оклопно возило (ВИДЕО)

Возач вчера со голема брзина се заби во паркирано оклопно возило на окупираниот Западен брег, соопшти израелската полиција. 27-годишниот Палестинец од Наблус загинал во својот автомобил, додека израелските полицајци не се повредени.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Снимка од безбедносни камери покажува како автомобилот ита кон оклопното возило и полициски патролен автомобил, додека неколку полицајци стојат во близина. Непосредно пред да налета автомобилот, полицаец најверојатно несвесно се тргнал и избегнал смрт.

Инцидентот се случил на сообраќајница во близина на населбата Офра во Западниот брег. Израелската полиција го истражува како терористички напад. Израелските сили се во висока готовност стравувајќи од одмазднички напади за убиениот лидер на Хамас Јахја Синвар.

Според министерството за здравство на Палестинската самоуправа, повеќе од 716 Палестинци се убиени во Западниот брег од 7 октомври минатата година.

Израелската војска тврди дека во „повеќето случаи“ станувало збор за оружени напаѓачи убиени во престрелки.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ