Јирген Клоп ги одработува последните натпревари како тренер на Ливерпул, а потоа на негово место пристигнува холандскиот стратег Арне Слот.
Ливерпул и Феенорд синоќа постигнаа договор за висината на обесштетувањето, па сега остануваат уште формалностите за трансферот на Слот да биде и официјализиран.
Ова за Холанѓанецот ќе биде најголемиот тренерски предизвик во кариерата.