недела, 21 јули 2024

Оваа година е најтоплата во историјата

Објавено на

часот

Сподели

Во 2016 година, светот беше околу 1,2 степени Целзиусови над прединдустрискиот просек.

Светските лидери денеска се состанаа во Дубаи на годишниот климатски самит на ОН КOP28.

„Нивоата на стакленички гасови се рекордно високи. Глобалните температури се рекордно високи. Растот на нивото на морето е рекордно високо. Мразот на антарктикот е рекордно низок“, изјави генералниот секретар на СМО, Петери Талас.

Резултатите од извештајот, сепак, не значат дека светот ќе го надмине долгорочниот праг на затоплување од 1,5 степени Целзиусови, за кој научниците велат дека е горната граница за избегнување катастрофални климатски промени според Парискиот договор од 2015 година. За такво сценарио, нивоата на затоплување би морале да се одржуваат подолго.

Годинава, морскиот мраз на Антарктикот го достигна најнискиот зимски максимален опсег досега. Тој беше за околу 1 милион квадратни километри помал од претходната рекордна година. Глечерите во Швајцарија изгубија околу 10 отсто од преостанатиот волумен во изминатите две години, се вели во извештајот, додека шумските пожари изгореа рекордна површина во Канада, која сочинува околу 5 отсто од шумската површина на Земјата.

Климатските промени, поттикнати од согорувањето на фосилните горива, во комбинација со појавата на природниот феномен Ел Нино во источниот дел на Пацификот, влијаеја на споменатите рекорди. Следната година би можела да биде полоша, велат научниците, бидејќи влијанието на Ел Нино најверојатно ќе го достигне врвот оваа зима и ќе доведе до повисоки температури во 2024 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ