понеделник, 21 октомври 2024

„Ова не ви е хотел“: Мајка ги тужела синовите затоа што не сакале да се иселат од дома

Мајка (75) од Италија се заситила од своите возрасни синови на 42 и 40 години кои сѐ уште живееле дома, па се обидела да ги убеди да си најдат свој дом, меѓу другото и затоа што се вработени. Но, обидите ѝ биле залудни, поради што решила да ги тужи, а судот ѝ дал право на тоа.

Објавено на

часот

Сподели

Пензионерка од градот Павија на северот на Италија повеќе пати се обидувала да ги убеди своите возрасни синови кои живеат во нејзината куќа да се иселат бидејќи и двајцата се вработени. Освен тоа, не сакале да ги делат трошоците или да вршат домашни работи. Меѓутоа, синовите не сакале ниту да слушнат за тоа.

На мајката и се смачило синовите да живеат во „мама хотелот“, па поднела тужба до судот да ѝ се иселат синовите.

Судот во Павија пресудил во корист на мајката и одредил рок за иселување на двата сина до 18 декември, пренесуваат италијанските медиуми.

Во Италија, релативно многу деца живеат со своите родители дури и по нивниот 18-ти роденден. Повеќето од нив се мажи, па им е залепен прекарот „мамони“ или „мамини момчиња“ или „бамбочиони“, големи бебиња.

Поради неизвесното вработување, зголемен е бројот на Италијанци кои остануваат дома со своите родители. Според минатогодишното истражување на европската статистичка служба Евростат, просечната возраст на која луѓето ги напуштале своите домови во Италија била 30 години. Добри 66 проценти од Италијанците на возраст од 18 до 34 години живеат со своите родители. Овој удел е значително над просекот на ЕУ од 50 проценти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ