сабота, 19 октомври 2024

Отворениот ум секогаш победува – Самсунг за спортистите и навивачите на Олимписките игри во Париз

Самсунг (Samsung Electronics Co., Ltd.), светски олимписки и параолимписки партнер, денеска ја објави својата официјална тема за Олимписките и Параолимписките игри во Париз во 2024 година – „Отворениот ум секогаш победува“.

 

Објавено на

часот

Сподели

Пораката го артикулира верувањето на Самсунг дека со отворен ум, секое ново искуство станува значајно достигнување што отвора нови перспективи и бесконечни можности. Оваа порака ќе биде срцето на програмата на Самсунг за Олимпијадата во Париз во 2024 година и ќе биде оживеана преку нејзините различни активации до и за време на игрите, но и преку извонредните спортисти-амбасадори на тимот на Самсунг галакси (Samsung Galaxy), кои исто така беа објавени денеска.

„Самсунг се залага за олимпискиот дух и овозможува значајна поврзаност уште од Олимписките игри во 1988 година“, рече Стефани Чои (Stephanie Choi), EVP и раководител на одделот за маркетинг на Mobile eXperience Business во Samsung Electronics.

„За време на Олимпијадата во Париз, најновата иновација и технологија на Самсунг ќе го поддржи одржувањето на игрите и ќе помогне да се исполни ветувањето дека ќе бидат најотворените игри досега. Пораката на брендот ‘Отворениот ум секогаш победува’ го одразува ова усогласување на вредностите и ќе биде прикажана во текот на програмите на Самсунг за време на Олимпијадата во Париз“.

Тимот на Samsung Galaxy ќе биде основниот глас на пораката „Отворениот ум секогаш победува“ и преку споделување на нивните патувања, тие ќе покажат како Самсунг им помага на спортистите и обожавателите да се отворат за нови можности преку своите технологии. Секој спортист од тимот на Samsung Galaxy, кој ги вклучува британската ѕвезда во скејтбординг и долгогодишниот амбасадор на брендот Скај Браун (Sky Brown), знае од прва рака дека отворениот начин на размислување води до победа во спортот и воопшто.

„Самсунг го подигнува искуството на Олимписките и Параолимписките игри и ги поддржува спортистите речиси четири децении“, рече Тони Естанге (Tony Estanguet), претседател на Олимијадата во Париз. „Сакајќи да создадеме Отворени игри, ние знаеме дека длабоко вкоренетото верување на Самсунг во отвореноста и неговата иновативна мобилна технологија ќе имаат централна улога на Олимијадата во Париз. Заедно, гордо ќе се ангажираме, инспирираме и ќе ги унапредуваме Олимписките и Параолимписките игри за спортистите и навивачите подеднакво“.

За Олимпиијадата во Париз, тимот на Samsung Galaxy е составен од над 25 олимпијци и параолимпијци, вклучувајќи ги британскиот скејтбордер Скај Браун (Sky Brown), шпанската шампионка во бадминтон Каролина Марин (Carolina Marin), францускиот херој во скејтбординг Орелиен Жиро (Aurélien Giraud), американската „б-девојка“[1] Грејс „Сани“ Чои (Grace “Sunny” Choi), германскиот пара спринтер Јоханес Флорс (Johannes Floors), јужнокорејската фудбалска икона Сон Хеунг-мин (Son Heung-min) и многу други. Во тимот има неколку спортисти од некои од најновите спортови на игрите: скејтбординг, сурфање и брејкденс, кои, како и Samsung, ги споделуваат основните вредности на отворен ум и самоизразување.

„Горди сме што го поддржуваме овој неверојатен тим на спортисти и им посакуваме добредојде во семејството на Самсунг“, додаде Стефани Чои (Stephanie Choi). „Не само што ги инспирираат луѓето на и вон теренот, туку имаат и влијание врз нивните заедници и следните генерации. Заедно со тимот на Samsung Galaxy, воодушевени сме што можеме да ги охрабриме фановите ширум светот да се отворат за нови можности во нивниот секојдневен живот“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ