сабота, 20 јули 2024

Oтворена истрага против скопјанец за грабеж на банка

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 31-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик, кое го извршил на 4 јуни во банка на ул.Бојмија во Скопје од каде одзел 2.628.901,55 денари.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти денеска Јавното обвинителство, осомничениот влегол во филијала на банка и со сериозна закана и употреба на огнено оружје – пиштол, загрозувајќи го животот и телото на двајца вработени во банката, одзел 2.628.901,55 денари и веднаш побегнал. По неговото пронаоѓање и лишување од слобода, пронајдени се и парите и тие се вратени на банката.

„Надлежен јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот“, информира обвинителството.

Од МВР информираат дека денеска во 13.43 часот интервентната полиција го лишила од слобода  М.К. (31) од Скопје и извршила претрес во неговиот дом, по што бил предаден за издржување на мерката притвор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ