вторник, 22 октомври 2024

Откриено зошто вратата на Боинг 737 Макс паднала. „Недостасуваа четири клучни завртки“

Вратата што одлета од Боинг 737 Макс кратко по полетувањето во јануари, веројатно не била соодветно обезбедена, објави американскиот Национален одбор за безбедност на транспорт. Телото го објави првичниот извештај за истрагата за инцидентот на 5 јануари во авион на Алјаска ерлајнс кога врата од кабина паднала при лет.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Инцидентот се случил неколку минути по полетувањето на летот 1282 од Портланд до Онтарио. Во извештајот се вели дека недостасувале четири клучни завртки наменети за затворање на панелот во кабината што стои на местото за излез во случај на опасност, објави Би-би-си.

Непланираното одвојување на задната лева врата за излез во случај на опасност се случило на височина од околу 4900 метри. Се чини дека недостатокот на завртки довел панелот да се помести од својата позиција и да се одвои од авионот, се вели во извештајот.

Панелот што го покривал излезот за итни случаи се одвоил, оставајќи празна дупка на страната на трупот. Авионот потоа претрпел нагло губење на притисокот во кабината, но се вратил на аеродромот без жртви. Алјаска ерлајнс потоа ги приземји сите Боинг 737-9 од својата флота.

Приземјувањето на таа авиокомпанија резултираше со откажување на илјадници летови во јануари. Американската Федерална управа за авијација (ФАА) во понеделникот соопшти дека две американски авиокомпании прегледале и вратиле во промет речиси 94 отсто од авионите Боинг 737 МАКС 9 по вонредниот случај.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ