среда, 30 октомври 2024

Дебарца остана без вода oткако ЕВН ја исклучи струјата од пумпните станици, а поради пукната цевка и во Охрид е прекинато водоснабдувањето

Повеќето граѓани на Општина Дебрца денеска останаа без вода, откако ЕВН повторно ги исклучи од напојување со електрична енергија пумпните станици за водоснабдување во општината. А поради пукање на цевка кај кружниот тек на булеварот Туристичка накај спортскиот центар Билјанини извори, во прекин е водоснабдувањето и на поголемиот дел од централното градско подрачје на Охрид.

Фото: МИА

Објавено на

часот

Сподели

Како што истакна градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески, општината го презела долгот на Јавното претпријатие за електрична енергија од 19 милиони денари и истиот редовно го сервисира. Тој уште посочи дека и за новонастанатиот долг е понудена спогодба од страна на општина Дебрца, истиот да се исплаќа на рати, но оти од другата страна не добиле никаков одговор.

„Добивме толкување од Регулаторна комисија на член 44 од Правилата за снабдување со електрична енергија,во кој меѓу другото пишува дека дистрибутерот не може да исклучи водоснабдителен систем ако со тоа се загрозува животот и здравјето на граѓаните, но и тоа за ЕВН не важи. Во Дебрца им се може и можат да прават што сакаат, па и да го загрозуваат здравјето на граѓаните. И така е во држава во која сѐ е партизирано и ако не си партиски поддржан и заштитен ќе си трпиш притисоци, а преку тебе ќе трпат и граѓаните кои ги претставуваш“, посочи Ногачески во статусот објавен на неговиот официјален фејсбук-профил.
А поради пукање на цевка кај кружниот тек на булеварот Туристичка накај спортскиот центар Билјанини извори, во прекин е водоснабдувањето и на поголемиот дел од централното градско подрачје на Охрид.

Станува збор за проблем предизвикан поради пукање на цевка од главен цевковод со профил 300 милиметри кај кружниот тек на булеварот Туристичка кај пресекот со улица АСНОМ, во близина на спортскиот центар Билјанини извори.

Екипи на Јавното претпријатие Водовод“  излегле на терен уште синоќа, и работеле сѐ додека дозволуваат временските услови, а од изутринава продолжиле со санирањето. Нормализирањето на водоснабдувањето во Охрид се очекува да биде во попладневните часови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ