Во анкетата, спроведена во февруари и март годинава со учество на 45 од вкупно 150 членки на здружението, 80 проценти од анкетираните навеле дека сакаат да ја прошират инвестицијата, како и да го зголемат бројот на работни места во државава.
Анкетираните компании се задоволни од квалификацијата и продуктивноста на вработените, како и од квалитетот и достапноста на локалните добавувачи, но искажале незадоволство во однос на борбата со корупцијата, правната сигурност и ефикасноста на јавната администрација.