вторник, 22 октомври 2024

Осум држави од ЕУ бараат да им се ограничи движењето на руските дипломати

Осум министри за надворешни работи од Европската Унија го повикаа Брисел да им го забрани на руските дипломати слободното движење низ Унијата и да ги ограничи на земјите во кои акредитирани.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Слободното движење на носителите на руски дипломатски и службени пасоши, акредитирани во една земја домаќин, низ целиот шенгенски простор ги олеснува злонамерните активности“, се наведува во писмото до високиот претставник на ЕУ за надворешна политика Жосеп Борел од 11 јуни, во кое Ројтерс имал увид.

Министрите сметаат дека собирањето разузнавачки податоци, пропагандата „или дури подготовката на саботажи се главната задача на голем број руски дипломати во ЕУ“, а иако протерувањата се важни, заканата останува.

„Веруваме дека ЕУ би требало да го следи принципот на реципроцитет и да го ограничи движењето на членовите на руските дипломатски мисии и членовите на нивните семејства на територијата на државата во која се акредитирани“, бараат тие.

„Оваа мерка значително ќе го стесни оперативниот простор за руските агенти“, се додава во писмото на министрите на Чешка, Данска, Естонија, Летонија, Литванија, Холандија, Полска и Романија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ