среда, 23 октомври 2024
Од казната му останале уште шест години

Осуден на затвор од 10 години фатен и вратен зад решетки во „Идризово“

Полициски службеници од ОВР Гостивар синоќа, во 23.30 часот, го привеле М.М.(42) од гостиварско Дебреше, кој бил баран со централна потерница за одлежување на уште шест години од 10 годишната затворска казна, информираат од МВР.

Објавено на

часот

Сподели

Четириесет и двегодишниот гостиварец бил осуден за сторени повеќе кривични дела тешка кражба и кражба, а бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба поради бегство од Казнено – поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на шест години од казната.

„При приведувањето кај него биле пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од кривично дело. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на казната“, соопштуваат од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ