вторник, 22 октомври 2024

Основци беа на гости кај претседателката и го видоа свеченото менување на знамето

На платото пред кабинетот на претседателот во вила Водно денеска беше одржана церемонија на свечено менување на државното знаме на која присуствуваа претседателката Гордана Сиљановска Давкова и ученици од основните училишта Јан Амос Коменски, Драга Стојановска и Кузман Јосифовски Питу од Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Церемонијата на менување на државното знаме беше извршена од припадници на Баталјонот за почести, а се одржува со цел подигнување на чувството и почитта кон државното знаме, како репрезент и симбол на Македонија.

По завршување на церемонијата, учениците од трите основи училишта се запознаа со претседателката Сиљановска Давкова и со неа поразговараа за претседателската функција, за надлежностите и редовните активности, при што ги споделија нивните интереси и афинитети во рамки на образовниот процес, информира кабинетот на претседателот.

За време на престојот во кабинетот на претседателот учениците ги посетија просториите во коишто се одржуваат официјалните и работните средби, како и салите во коишто се реализираат состаноци, свечености, настани и прес-конференции. Во Свечената сала во Кабинетот, основците го разгледаа диптихот „Македонија – светла земја“ и „Македонија – земјата памети“ на академик Глигор Чемерски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ