сабота, 19 октомври 2024

Османи: Вучиќ само драми, не нуди решение

Објавено на

часот

Сподели

Таа за агенцијата Ројтерс оцени дека петицијата е „најдемократскиот начин“ за организирање нови избори.

„Мислам дека на овој начин ќе осигуриме учество на Србите, бидејќи барањето мора да дојде од нив, од граѓаните“, кажа таа.

Насилни протести избија во четирите северни општини откако приштинските власти со помош на полицијата поставија градоначалници Албанци избрани со одзив од само 3,5 отсто од граѓаните. Србите, кои се мнозинство на северот на Косово, ги бојкотираа локалните избори.

Османи наведе дека смената на актуелните градоначалници преку петиција би било „како референдум“, кој би отворил пат за нови избори. Според неа, целиот процес би можел да биде завршен за неколку месеци.

Меѓутоа, не е јасно дали локалните српски гласачи би учествувале во петицијата, наведува Ројтерс.

Поради порастот на тензиите меѓу Белград и Приштина, НАТО ги засили воените сили на северот на земјата. Османи кажа дека сака странските војници да останат додека Косово не биде примено во НАТО.

Таа истакна дека пред распишувањето нови избори, Косово мора да добие гаранции од меѓународната заедница дека Белград нема да се меша.

Османи минатата недела во Молдавија се сретна со претседателот на Србија Александар Вучиќ на состанок организиран од францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц. Таа претседателот на Србија го опиша како „крал на драмата“.

„Вучиќ на повеќето состаноци е вистински крал на драмата. Така што, нормално, се обиде повторно да направи доста драма, но не изнесе ниедна идеја која би придонела на мирот и стабилноста во регионот“, кажа Османи за состанокот.

„Тој сака да се претвора дека прави големи отстапки, дека има преголем притисок врз него, дека пати, дека е во опасност и сето тоа. Но таквите напади на бес би требало да се надминат по четвртата година“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ