вторник, 22 октомври 2024

Османи: Во Скопје е надминат ќор-сокакот, избран е генерален секретар на Советот за регионална соработка

„Зајакнување на регионалната безбедносна инфраструктура загрозена од актуелните предизвици – Како да продолжиме понатаму?” е темата на овогодинешниот состанок на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) што се одржува на 13 и 14 јуни во Скопје. Како што информираше министерот за надворешни работи во техничката влада, Бујар Османи, на денешната прес-конференција во МНР, со овие активности се заокружува едногодишно претседавање на Македонија со Процесот.

Објавено на

часот

Сподели

Османи рече дека денеска бил избран новиот Генерален секретар на Советот за регионална соработка како извршно тело на процесот.

„Под капата на нашето претседавање денеска преку Комитетот на политичките директори, беше постигнат консензус и номиниран кандидатот на Сараево, Амер Капетановиќ, за нов Генерален секретар на Советот за регионална соработка како извршно тело на Процесот“, рече Османи.

Според него, со овој чин е зачувана стабилноста, континунитет и функционалноста на Советот, а со тоа и на целиот Процес.

„Уште еден успех за Република Северна Македонија после претседавањето со ОБСЕ во 2023 година. Нашата земја, уште еднаш, ја потврди својата позиција на меѓународната сцена“, нагласи тој.

Најави дека во моментот интензивно се работи на усогласување на текстот на финалната Заедничка декларација, со која ќе се потврдат споделените заложби за постигнување на компромиси и прифатливи решенија кои сите заедно ќе нè водат кон помирување, дијалог, надминување на оставината од минатото, економски развој и забрзано членство во ЕУ.

На Самитот на шефови на држави и влади на учесниците на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) учество ќе земат делегациите на 13-те учесници на Процесот, претставници на Европската Унија и Регионалниот совет за соработка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ