„Трајковски беше широко почитуван поради неговото инклузивно и прагматично лидерство и одигра важна улога во водењето на државата во еден од најпредизвикувачките периоди од нејзината историја“, рече Османи.
Османи е во дводневна официјална посета на БиХ во својство на претседавач со ОБСЕ. Покрај Мостар, Османи ги посети и Сараево и Јабланица и оствари средби со државниот врв, претставници на Парламентот, претставници на граѓански организации, како и други партнери и соработници на ОБСЕ.