понеделник, 28 октомври 2024

Османи бара доказ дека Еуроинвест медиу не донирала пари за партии

По повод вчерашната реакција на компанијата Еуроинвест медиу, Министерството за надворешни работи (МНР) ја информира јавноста дека постапката за избор на најповолен понудувач, на огласот за реконструкција на постојниот дипломатски објект во Цирих, Швајцарија е во тек, пишува во реакцијата на МНР откако оваа компанија со седиште во село Зајас од министерството побара да не ја одолговлекува постапката и да потпише договор со компанијата.

 

Објавено на

часот

Сподели

Од МНР велат дека на огласот за ДЕЛ 1 била пријавена само една компанија што значи само Еуроинвест медиу, додека две понуди има за ДЕЛ 4. 

„Иако е завршена евалуацијата на законските и тендерските побарувања на понудите од страна на комисијата за јавни набавки, сепак, поради чувствителноста на јавноста,  по насока на министерот, а со цел целосна транспарентност, побарани се дополнителни гаранции и потврди со кои ќе се укаже дека компанијата нема конфликт на интерес од било кој тип. Иако не е законска обврска, ниту пракса, Комисијата за набавки при Министерството за надворешни работи побара и доказ дека компаниите не се донатори на политички партии. Во рамките на целата постапка, за делот каде што има пријавено повеќе од една компанија, Ќе биде одржана електронска аукција. По завршување на сите постапки Министерството ќе се води само по словото на законот и нема да дозволи никакви субјективни фактори да влијаат при одлуката за избор“, пишува во реакцијата на МНР. 

Градежната компанија Еуроинвест медиу вчера преку соопштение до јавноста реагираше дека МНР ја одолговлекува постапката за потпишување на договор со оваа компанија за реконструкција на постојниот дипломатски објект во Цирих, Швајцарија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ