вторник, 22 октомври 2024
Напаѓачот на Наполи со гест како легендарниот Тоти

Осимен ги провоцираше навивачите на Јувентус по фрустрирачката ноќ во Торино (ФОТО)

Напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен упати провокација до навивачите на Јувентус, и по последниот свиреж на судијата, ги потсети дека минатата сезона загубија со 5-1.

Објавено на

часот

Сподели

Новото коло во Серија А беше отворено синоќа со дербито помеѓу Јувентус и Наполи. Елиф Елмас и неговите соиграчи го имаа поседот на топката, во првото полувреме промашија и неколку зицери, па домаќините казнија и со голот на Гати ги однесоа трите бода.

„Старата дама“ сега има +12 во однос на „наполитанците“, па навивачите на „Алианц“ во Торино имаа причина зошто да се радуваат, а гостите разочарани го напуштија теренот.

Фрустриран од тоа што работите оваа сезона не одат според планот, Виктор Осимен по последниот свиреж на судијата реши да ги провоцира фановите на Јувентус и направи гест во стилот на Франческо Тоти.

Тој со рацете покажа 5 и 1, алудирајќи на победата од 5-1 на Наполи во пресметката против Јувентус на „Марадона“ минатата сезона.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ