вторник, 16 јули 2024
Првиот Французин кој ќе суди финале на Европско првенство по 1988 година

Орсато извиси, УЕФА му го додели финалето на Летексие

Европската куќа на фудбалот реши да му укаже доверба на Франсоа Летексие за финалето на Европското првенство и пресметката помеѓу Шпанија и Англија.

Објавено на

часот

Сподели

Континенталниот собир во Германија финишира во недела со дуелот помеѓу Шпанија и Англија во Берлин.

Изминатиов период имаше многу гласини за тоа кој ќе биде судија, и се веруваше дека Даниеле Орсато како последен меч во својата кариера ќе ја дели правдата на финале на Европското првенство.

Сепак, Европската куќа на фудбалот реши да му укаже доверба на Франсоа Летексие, кој ќе биде првиот Французин кој судел финале на ЕВРО по 1988 година.

35 годишниот Франсоа Летексие на Европското првенство во Германија веќе ја делеше правдата на три меча, ремито од 2-2 понеѓу Хрватска и Албанија, ремито без голови помеѓу Данска и Србија и победата на Шпанија од 4-1 против Грузија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ