среда, 23 октомври 2024

„Оро без граници“ вечерва на Школка во Градски парк

На Школка во Градскиот парк во Скопје вечерва од 19 часот ќе се одржи централниот настан од 33. Меѓународен детски фолклорен фестивал „Оро без граници“.

Објавено на

часот

Сподели

Детскиот културен центар „Карпош“ со својот фолклорен ансамбл е домаќин и организатор на фестивалот под покровителство на Град Скопје.

Директорката на фестивалот Билјана Лалчевска-Серафимовска истакнува дека „Оро без граници“ е симбол на пријателствo меѓу децата кој континуирано се одржува од 1991 година.

„Еден од главните и најсимболични моменти на фестивалот е дефилето на учесниците, каде се формира најголемото оро, кое не познава граници, оро кое е симбол на пријателство меѓу децата. Овој детски фолклорен фестивал придонесува за зачувување и презентирање на традицијата и културата и промовирање на знаменитостите по кои е препознатливо Скопје“, потенцира Лалчевска-Серафимовска во најавата за настанот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ