петок, 18 октомври 2024

Орбан за одлуката за Украина: Целосно е бесмислено, не е спремна за преговори за членство со ЕУ

По одлуката на Европскиот совет да отвори пристапни преговори со Украина, унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека тоа е бесмислено, бидејќи Украина не е спремна за почеток на преговорите.

Објавено на

часот

Сподели

„Бевме на преговарачката маса речиси осум часа и водевме голема расправа за членството на Украина во Европската Унија. Ставот на Унгарија е јасен: Украина не е спремна да ги почне преговорите за членство. Целосно е бесмислена, ирационална и погрешна одлуката да се почнуваат преговори со Украина во овие околности“, кажа Орбан во видео порака на социјалната мрежа Икс (Твитер).

„Унгарија нема да го смени својот став, но, од друга страна, 26-те останати членки инсистираа таа одлука да се усвои. Поради тоа Унгарија реши тие 26 земји да тргнат по својот пат. Унгарија не сака да биде дел од тоа и поради тоа не учествуваше во донесувањето на таа лоша одлука“, кажа Орбан.

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ им кажа на хрватските новинари дека Орбан го напуштил состанокот кога требало да се гласа за Украина, а од дипломатски извори се дознава дека унгарскиот премиер „бил отсутен од салата на однапред договорен и конструктивен начин“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ