петок, 25 октомври 2024

Орбан: Унгарци умираат во Украина

Унгарскиот премиер Виктор Орбан даде интервју за италијанскиот конзервативен дневен весник Ил Џурнале.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Орбан порача дека од претстојните избори за Европскиот парламент очекува зајакнување на демократијата и десничарското мнозинство. Тој се осврна на ситуацијата во Украина и се обиде да го објасни официјалниот став на Будимпешта кон војната.

„Унгарија се граничи со Украина. Тоа не е каква било војна, туку војна на нашата граница. Италија е географски оддалечена, за вас е тоа нешто друго. Во Украина има унгарски граѓани од редовите на унгарското малцинство кои се борат во украинската војска и ги губат животите. Ние сме единствената земја во Европската унија чии граѓани ги губат животите во Украина“, рече тој.

„Војната ја започна Русија, нема сомнеж, но мораме да се запрашаме како да постапиме. Ние сме на крстопат: или да го изолираме конфликтот и да најдеме дипломатски пат или да навлеземе подлабоко во војната. Ако ѝ дозволиме на Украина да ја нападне Русија со оружје што исто така го испорачува Италија, ќе има последици во форма на силна руска реакција, а постои и ризик од мешање на НАТО“, додаде тој.

Тој потврди дека не се согласува со европската стратегија за украинскиот конфликт. „Стратегијата е и тактички неуспешна, не разбираме дека си играме со оган. Идејата за Европската унија е родена од мировен проект“, смета унгарскиот премиер.

„По Втората светска војна, Европа сфати дека нема да преживее уште една војна. Треба да се запрашаме кој е стратешки интерес на Европа и да повикаме на прекин на огнот. Сето тоа е погрешно и јавноста сака мир, а не војна“, заклучи тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ