четврток, 18 јули 2024

Орбан: Само еден човек може да ја сопре војната

Виктор Орбан, премиерот на Унгарија, кажа дека Соединетите Американски Држави мораат да иницираат прекин на огнот во Украина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Претседателот на Соединетите Американски Држави е единствената личност во универзумот кој може да ги упати двата одлучувачки повици, до Киев и до Москва“, кажа Орбан.

Според Орбан, тој претседател може да биде само поранешниот шеф на Белата куќа Доналд Трамп.

Орбан кажа и дека не го интересираат целите кон кои Русија и Украина тежнеат во конфликтот, туку дека само сака војната што побрзо да заврши.

Унгарскиот премиер изрази и уверување дека доколку Ангела Меркел сè уште беше канцеларка на Германија, конфликтот немаше да се рашири до толкави размери.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ