„Тукушто разговарав со претседателот Доналд Трамп. Му посакав сè најдобро за следниот вторник. Уште само пет дена. Му држам среќа“, наведе Орбан на социјалните мрежи.
Just got off the phone with President @realDonaldTrump . I wished him the best of luck for next Tuesday. Only five days to go. Fingers crossed 🤞
— Orbán Viktor (@PM_ViktorOrban) October 31, 2024
Унгарскиот лидер неодамна вети и дека ќе отвори „неколку шишиња шампањско“ ако Доналд Трамп се врати во Белата куќа по изборите.
Орбан, инаку, во рамки на својата мисија за мир околу конфликтот во Украина, летоска ја посети Флорида, каде што се сретна со Трамп.
„Мировна мисија 5.0. Ми беше чест да го посетам претседателот Трамп во Мар-а-Лаго. Разговаравме за начините за постигнување мир. Добри вести се – тој ќе го реши овој проблем!“, порача тогаш Орбан.