вторник, 22 октомври 2024

Орбан по НАТО самитот на средба кај Трамп

Унгарскиот премиер Виктор Орбан утре ќе се сретне со поранешниот американски претседател Доналд Трамп, пренесува Тајм повикувајќи се на неименувани, но упатени извори.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Орбан може да отпатува во одморалиштето на Трамп, Мар-а-Лаго во Флорида по самитот на НАТО во Вашингтон, каде сојузниците го потврдија „неповратниот“ пат на Украина кон членство, како и финансирањето од 43 милијарди долари за следната година.

Претходно, унгарскиот лидер во својата „мировна мисија“ ги посети Украина, Русија и Кина. За време на неговата посета на Киев, украинскиот претседател Володимир Зеленски го отфрли предлогот на Орбан за прекин на огнот.

Орбан има одлични односи со конзервативците во САД со години. и е единствениот европски лидер кој е отворено пријателски настроен кон Кремљ. Од почетокот на руската инвазија во неколку наврати зборуваше пофално за Трамп, фалејќи го како „човек на мирот“.

Претседателскиот кандидат на Републиканската партија во неколку наврати изјави дека би можел да ја заврши руската војна во рок од 24 часа доколку биде избран за претседател, без да наведе чекори за постигнување мировен договор меѓу Киев и Москва.

Трамп не побарал од Орбан да ја постави основата за мировен договор меѓу Украина и Русија, изјавил за Тајм еден од изворите, опишувајќи ја утрешната посета како „помалку формална“.

Унгарскиот премиер во март изјави дека Трамп ќе престане да ја финансира Украина доколку биде реизбран за претседател.

Поранешниот американски претседател долго време ја критикуваше американската помош за Украина, а како републикански претседателски кандидат, неговото влијание значително придонесе за неколкумесечниот ќорсокак во Конгресот околу американската помош за Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ