вторник, 22 октомври 2024

Орбан: Никогаш нема да војуваме против Русија

Објавено на

часот

Сподели

За време на гостувањето во националната радио станица Кошут тој ја коментираше неодамнешната изјава на градоначалникот на Будимпешта, Гергеј Корачоњ, кој рече дека „Унгарија веќе е во војна со Русија“.

„Ако некој вели такви работи и не се помрднува, тогаш тој човек едноставно не е разумен“, изјави Орбан.

Според неговите зборови, „ниту еден разумен човек, кој слушнал за Втората светска војна, не може да си дозволи такви изјави“, пренесе Тасс.

„Се додека оваа влада е на власт, Унгарија нема да војува против Русија“, нагласи Орбан.

Премиерот Орбан постојано повторува дека водечките земји на ЕУ и другите членки се обидуваат да ја вовлечат Унгарија во војната во Украина и ја повикуваат Будимпешта да почне да го снабдува Киев со оружје, но дека неговата земја е на страната на мирот.

Од почетокот на конфликтот Унгарија ги повикува Русија и Украина да прогласат примирје и да започнат мировни преговори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ