вторник, 22 октомври 2024

Орбан: Неприфатлива и нечуена одлука на Европскиот суд на правдата да ја казни Унгарија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека денешната одлука на Европскиот суд на правдата да ја казни Унгарија во износ од 200 милиони евра и дополнителни милиони евра дневно поради миграциската политика е нечуена и неприфатлива.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Орбан во објава на платформата Икс тврди дека Унгарија е казнета поради, како што наведе, одбраната на границата на ЕУ.

„Се чини дека илегалните мигранти се поважни за бриселските бирократи отколку европските граѓани“, рече Орбан.

Унгарија ќе мора да плати казна од 200 милиони евра затоа што не ги спроведува промените во својата политика за третман на мигрантите и барателите на азил, објави денеска највисокиот суд на ЕУ, Европскиот суд на правдата.

Судот наведе дека Унгарија, која претходно одби да ја спроведе судската одлука од 2020 година, исто така ќе мора да плаќа казна од 1 милион евра дневно додека целосно не ги спроведе мерките, објави Ројтерс.

Судот на ЕУ посочува дека Унгарија не презела мерки да се усогласи со пресудата од 2020 година во врска со правата на барателите за меѓународна заштита да останат во Унгарија во очекување на конечната одлука по нивната жалба против одбивањето на нивната апликација, како и протерувањето државјани од трети земји кои илегално престојувале во земјата.

Унгарската влада претходно тврдеше дека пресудата од 2020 година е спорна бидејќи веќе ги затворила таканаречените транзитни зони и ги заострила правилата со кои се забрануваат идни поднесувања на барања за азил.

Европската комисија (ЕК) поднесе втора жалба против Унгарија до Судот на ЕУ на почетокот на 2022 година, тврдејќи дека Унгарија не ги презела сите неопходни мерки за да се усогласи со пресудата од 2020 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ