петок, 18 октомври 2024

Орбан на клучниот самит на ЕУ: Не се откажувам од блокадата на Украина

Унгарскиот премиер Виктор Орбан уште еднаш јасно се спротивстави на отворањето на пристапните преговори со Украина и рече дека за тоа може да се разговара само кога Киев ќе ги исполни потребните услови.

Објавено на

часот

Сподели

„Нема причина сега да се преговара за членството на Украина. Мора да се вратиме на тоа прашање кога Украина ќе ги исполни предусловите“, рече Орбан пред почетокот на самитот на ЕУ.

Главните теми на самитот се проширувањето – лидерите ќе се обидат да постигнат договор за отворање преговори со Украина и Молдавија – и ревизија на повеќегодишниот буџет, кој е исто така поврзан со Украина.

Орбан исто така се противи и на пакетот помош од 50 милијарди евра за Украина до 2027 година.

Унгарскиот премиер порача и дека треба да се почека да се одржат европските избори и потоа да се обиде да се постигне консензус за отворање на преговорите со Украина. Тоа значи дека тој предлага да се одложи одлуката за отворање на преговорите со Украина за најмалку шест месеци.

Со оглед на постојаното противење на Орбан на тие клучни одлуки за ЕУ, се очекува овој самит долго да трае.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ