среда, 23 октомври 2024

Орбан ја обвини ЕУ дека се обидува да го собори неговиот кабинет

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска ја обвини Европската комисија дека се обидува да го собори неговиот кабинет и да воспостави „марионетска влада“ во Будимпешта.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Орбан рече дека неговата суверена политика во однос на војната во Украина и миграцијата е неприфатлива за Брисел.

„Сакаат да нѐ втурнат во војна во Украина, да ни ги наметнат своите мигранти и нашите деца да им ги предадат на родовите активисти“, рече Орбан.

„Знаеме дека имаат марионетска влада (на ум), партијата што сакаат да ни ја наметнат“, рече Орбан, алудирајќи на партијата Тиса на опозицискиот лидер Питер Маѓар.

Орбан го обвини Маѓар дека „ги повикува странците да му помогнат против Унгарците“.

Орбан не кажа како Европската комисија, наводно, сака да ја собори неговата влада и да наметне марионетска управа, и не наведе докази за какви било политики или изјави на ЕУ за да ги поткрепи таквите обвинувања.

Парламентарните избори во Унгарија треба да се одржат во почетокот на 2026 година, наведува Ројтерс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ