„Во неделата двајцата лидери разговараа 10 до 15 минути на маргините на инаугурацијата на претседателот на Аргентина“, агенцијата цитираше претставник на украинската делегација, пренесува Блумберг.
Претходно, шефот на кабинетот на украинскиот лидер, Андриј Ермак, во разговор со шефот на унгарското Министерство за надворешни работи, Петер Сијарто, предложил да се одржи средба меѓу двајцата лидери, но овој ја одбил таквата средба, велејќи дека такво нешто не е можно без претходна подготовка и дека може да се случи само доколку има шанса за конкретни позитивни резултати.
Будимпешта претходно предложи прашањето за почеток на преговори за членство на Украина во ЕУ да не биде ставено на дневен ред на самитот на лидерите на блокот во декември, бидејќи однапред е јасно дека нема да има договор меѓу земјите-членки.
На самитот на ЕУ во Брисел од 14 до 15 декември, лидерите на Европската Унија ќе одлучуваат за почеток на преговарачкиот процес за пристапување на Киев во блокот, како и за одобрување нова финансиска помош за Украина и дефинирање на дванаесеттиот пакет санкции против Русија.