вторник, 22 октомври 2024

Орбан: ЕУ бирократите прават како што ќе им каже Сорос

Казната за непочитување на правилата за прифаќање на мигрантите ја нареди судот на Европската Унија во Луксембург, а со него управува американскиот милијардер Џорџ Сорос, кажа премиерот на Унгарија Виктор Орбан, коментирајќи ја одлуката на Европскиот суд на правдата и казната која Брисел очекува Будимпешта да ја плати.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Судот одлучи да ја казни Унгарија со 200 милиони евра, а Будимпешта, според одлуката, би требало да исплаќа и по милион евра дневно за непочитување на претходните одлуки на судот, кои се однесуваат на европските правила за прием на мигрантите на континентот. Станува збор за одлуките од минатите години кои судот ги пресуди против Унгарија поради нејзините остри ограничувања за нелегалните мигранти.

„Оваа одлука ја донесе судот на Џорџ Сорос. Општо е познато дека „бриселскиот балон“ е пол со луѓе на Сорос. Тоа важи за Европскиот парламент, Европската комисија и судот“, изјави денес Орбан.

Според него, Сорос има стар план во Европа секоја година да носи по милион мигранти за да се „измени традиционалниот христијански европски изглед на континентот“, и Европа да се претвори во „континент со мешано население“. За да го постигне тоа, американскиот милијардер на европските земји им дава кредити и така го финансира менувањето на структурата на европскиот континент, тврди унгарскиот лидер.

Сепак, Будимпешта не планира да ја плати оваа казна, а нема ни да ја смени својата миграциска политика, истакна Орбан.

Противењето на унгарската миграциска политика почна во 2020 година кога судот на ЕУ укажа дека низа унгарски закони за прием на мигранти не соодветствуваат со европските. Судот пресуди против Будимпешта и укажа дека сите држави од ЕУ мора да се придружуваат до неговите одлуки, бидејќи во спротивно следуваат финансиски казни.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ