вторник, 23 јули 2024

Орбан бара од ЕУ да не расправа за пристапните преговори на Украина додека таа е во војна

Унгарскиот премиер Виктор Орбан побара на самитот на лидерите на Европската унија следната недела да не се носат одлуки за отворање преговори за членство на Украина додека земјата се бори против руската инвазија.

Објавено на

часот

Сподели

Орбан, кој продолжи да ги одржува односите со Москва дури и кога ЕУ воведе низа санкции кон Русија поради војната во Украина, со недели вели дека Киев не е подготвен да ги започне пристапните преговори.

Неговиот став е во спротивност со оној на Европската комисија, извршното тело на Европската унија, која минатата недела препорача лидерите на Унијата да му дадат зелено светло на Киев за почеток на преговорите штом земјата ќе исполни одредени услови. Одлуката како таква бара единствена поддршка од европските лидери.

Орбан своето барање го изнесе преку писмо до претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел. Тој исто така рече дека самитот не треба да одлучува за буџетскиот план кој вклучува 50 милијарди евра економска помош за Киев.

„Со почит апелирам да не го повикувате Европскиот совет да одлучува за оваа тема во декември бидејќи очигледниот недостаток на консензус неизбежно ќе доведе до неуспех“, напиша Орбан.

„Европскиот совет мора да избегне контрапродуктивно сценарио заради единството, нашата најважна вредност“, додаде тој.

Преговорите за членство во ЕУ ќе бидат голем поттик за Украина, поранешна советска република која речиси две години се бори со руска воена инвазија.

Портпаролот на Мишел одби да го коментира писмото. Но, земјите-членки јасно ставија до знаење дека сакаат да разговараат за членството на Украина и предлог-буџетот на самитот што ќе се одржи во Брисел на 14 и 15 декември.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ