На промоцијата на новата опрема за противпожарните единици во Куманово, Перински кажа дека наскоро ќе има информации од еваулацијата, откако рокот за докомплетирање на потребната документација беше продолжен на владина седница и заврши на 15 ноември.
„ Од она што сум информиран преку шесте ресорни министерства, околу десетина општини ја докомплетирале документацијата. Дозволете, дајте ни уште ден-два, затоа што сè уште се прави евалуација на допристигнатите документи и ќе излеземе со конкретен став“, изјави министерот Перински.
Дополнителна можност за општините се донесените измени на законот за уредување на градежно земјиште со кои е надминат проблемот за ослободување од комуналии, за изградба на објекти од јавен интерес, градинки, училишта …
„ Ова е одлична можност и оние коишто не стигнаа да ја достават комплетната документација во рамки на ресорните министерства согласно измените на законот за уредување на градежно земјиште што ги направивме за да го избегнеме проблемот на ослободување на комуналии за објекти од јавен интерес, сега таа бариера е надмината. Законот го изменивме и врз основа на тоа им се даде повеќе шанса да можат да ја докомплетираат својата техничка документација“, изјави министерот за локална самоуправа во Куманово.