недела, 20 октомври 2024
Надлежните апелираат да не се уништува градското зеленило

Општина Велес сади и разубавува, граѓаните крадат цвеќе од булеварите

Речиси секојдневно во Велес се крадат новозасадените украсни садници од новите жардиниери поставени од ЈКП Дервен и општината.

Објавено на

часот

Сподели

Од ЈКП Дервен и Општина Велес се револтирани кон ваквиот однос на поединци и апелираат до граѓаните да не го уништуваат и не ги крадат цветни садници и млади дрвца со што го уништуваат засаденото градско зеленило.

Деновиве беа украдени новонасадени садници од цвеќе од новите жардиниери поставени есенва на повеќе локации во градот, пред Македонски пошти, кај фонтаната Авона и на други градски локации, во центарот и во другите реони од градот, информираат од ЈКП Дервен. 

Апелираме до граѓаните да не ги корнат и крадат новите украсни цветни насади кои го разубавуваат градот. Крајно време е кај нив да се пробуди заспаната свест за заштита на животната средина, потенцираа од ЈП „Дервен“ и Општина Велес.

Во есенското разубавување на градот од страна на Општина Велес и ЈКП Дервен во текот на есенва беа поставени најнови 13 украсни жардиниери со различни видови на зимзелени и листопадни растенија и сезонско цвеќе кај зградата на „Македонски пошти“, девет кај кружниот тек Авона со љубичици и 11 пред гимназијата „Кочо Рацин“ со хризантеми и љубичици.

Со сезонско цвеќе обновени се и жардиниери на кривината кон Градската болница, кај фонтаната на кружниот тек Авона на влезот на Младински парк кај црквата, долж паркингот во центарот на градот и на ул. Димитар Влахов. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ