Ова е решението што било донесено на вчерашниот состанок на градоначалникот Марко Колев со претставници на СВР Велес и ЈЗУ Општа болница, на кој се разговарало за се поголемиот број пријави од страна на граѓани каснати од улични кучиња.
Воедно на средбата бил донесен заклучок да се воспостави засилена комуникација и контрола врз секој поединечен случај, а со цел да се спречат можни злоупотреби.
Како што потенцираат од Општина Велес, ваквите мерки се должат на сè позачестените пријави на граѓани каснати од улични кучиња.
Во 2018 година од општинската каса биле исплатени 1,7 милиони денари за 58 пријави од граѓани каснати од куче, во 2019 биле исплатени 2,3 милиони денари, а во 2020 се исплатени 2,7 милиони денари, а во 2022, 6 милиони денари за 82 вакви случаи на каснати од куче.