сабота, 19 октомври 2024

Општина Пустец доби багер од Јапонија, Колефски со кајче ја прошета амбасадорката по Преспанското Езеро

Општина Пустец денеска доби донација од Амбасадата на Јапонија во Тирана, која денеска на градоначалникот Пали Колефски му ја предаде амбасадорката Като Кикуко.

Објавено на

часот

Сподели

„Станува збор за ново возило-багер, кое ни беше повеќе од неопходно. Доделено ни е врз основа на нашата апликација на повикот на Амбасадата за учество на  соодветниот проект. Искажав голема благодарност за јапонскиот народ за поддршката на општината и нашата заедница и посебно на амбасадорката Кикуко, која не почести  со нејзината посета“, изјави Колефски.

Во знак на благодарност на амбасадорката и била врачена благодарница, а на средбата двајцата соговорници разговарале и за можностите Амбасадата да ја помогне општината и со други донации.

Јапонската амабасадорка, придружувана од Колефски, со кајче прошетала по Преспанскиот Езеро, а ја посетила и пештерската црква „Света Богородица“ на островот Мал Град, која е целосно реставрирана.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ