вторник, 22 октомври 2024

Општина Неготино бара доброволци за гаснење на големиот пожар

Штабот за заштита и спасување од Неготино упати апел до сите што сакаат да помогнат во гаснење на големиот пожар што беснее во неготинско, да се пријават на телефонските броеви на општината

Објавено на

часот

Сподели

„Се апелира до граѓаните на општина Неготино да не се движат кон населените места Калањево, Бела Вода, Липа, Брусник, Пештерница и околните места“, се вели во заклучоците на Штабот за заштита и спасување од Неготино.

Меѓу заклучоците се и тие, да се изврши активирање на доброволните противпожарни друшта на општина Неготино и општина Демир Капија, да се обезбедат и дистрибуираат потребните количини на вода за пиење и храна до спасувачите на терен.

Сите што сакаат да се вклучат во гаснењето на пожарот треба да се пријават на телефонскиот број на општина Неготино 043/361-045.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ