недела, 21 јули 2024

Општина Маврово го пријави случајот со нелегалната изградба на стрелиште кај Бунец

Не можам да сфатам како луѓето имаат храброст да работат на своја рака. Затоа денеска е пуштена пријава до Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам. Одобрение за каква било градежна активност на тој терен од Општина Маврово Ростуше не е дадена, вели во изјавата за МКД.мк градоначалникот Медат Куртовски. МКД.мк вчера објави дека во близина на детското одморалиште Бунец во Маврово почнати се градежни активности за изградба на стрелиште без неопходната согласност од јавната установа Национален парк Маврово.

Објавено на

часот

Сподели

Барањето на инвеститорот Павле Димоски, со живеалиште во Гостивар, за добивање на дозвола за градба на објект со намена Д3 (спорт и рекреација), односно стрелиште, е регистрирано уште во 2020 година. Подносител на документите за изготвување на локална урбанистичка планска документација (ЛУПД) е повторно фирмата ДПУП „Полог-проект про“ од Гостивар, истата која е изготвувач на бројни документи за изградба на згради околу Мавровското Езеро.

Во целата таа неколкугодишна преписка (која ја поседуваме) меѓу „Полог проект про“, Општина Маврово Ростуше, Национален парк Маврово и Министерство за животна средина, само одговорните лица од НП Маврово се доследни и не дадоа согласност за изградба на таков објект на границата на Националниот парк. Наспроти ова, има позитивно мислење од Министерството за животна средина, но нема никаков конечен документ, решение, од Општина Маврово Ростуше.

И покрај ова, инвеститорот минатиот месец почна со уредување на пристапниот пат до локацијата (КП 311/1 и КП 311/2 КО Орќуше) каде што е планирана изградбата на објектот. Без никаков документ!

Останува да видиме каква ќе биде реакцијата на надлежните државни институции, ќе одговара ли некој и што ќе констатираат ревизорите на Државниот завод за ревизија кои токму овие денови се по канцелариите на Општината Маврово Ростуше.

А.Д.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ