петок, 18 октомври 2024

Општина Карпош со по 10 илјади денари награди 11 здравствени работници

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението се вели дека поради недостаток на термини за офталмолошки прегледи во здравствениот систем, со цел да им се помогне на родителите, Општина Карпош склучила меморандум за соработка со Здравствен дом Скопје што овозможило прегледи без обврска претходно да се закаже термин.

„Медицинскиот персонал за краток временски период реализираше преку 428 прегледи, притоа работејќи и надвор од пропишаното работно време“, се вели во соопштението на Општината.

Советот ја изгласал и предлог одлуката за наградување на професори-тренери и индивудуално прогласени ученици-спортисти во рамки на училишните спортски игри Карпош за 2023 година.Со оваа одлука се утврдува доделување на 19 парични награди на професорите-тренери по физичко и здравствено образование, како и индивидуално прогласените ученици-спортисти за постигнатиот успех во училишните спортски игри Карпош 2023 година.

Општина Карпош ќе се додели и парична награда во износ од по 6.000 денари зa десет основци, кои беа прогласените за најдобри ученици-спортисти во рамки на училишните игри на кои ги организираше локалната самоуправа.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ