сабота, 19 октомври 2024

Општина Илинден заловува кучиња скитници и за тоа наплаќа од сопствениците кои ги напуштиле

Општина Илинден реши да се справува со проблемот на бездомните кучиња и согласно програмата за хуман третман, заловени се 30 кучиња во пет наврати. Често се утврдува дека кучињата скитници имаат микрочип, па наплатата за заловувањето се префрла на сметка на сопствениците.

Објавено на

часот

Сподели

Општина Илинден презема доследна примена на одредбите од Законот за заштита и благосостојба на животните, приоритет за заловување и третман на бездомни и нерегистрирани кучиња се дава на дворните површини на училиштата, детските градинки, јавните објекти и други фреквентни места во централниот дел на општината.

„Заловувањето се врши според програмата за третирање и постапување со животните скитници на подрачјето на Општина Илинден за 2023 година, донесена од страна на Советот на Општина Илинден. При заловувањето на кучињата често се утврдува дека тие имаат микрочипови, односно имаат сопственици, поради што за заловување и третман наплатата за услугата се префрла на товар на сопствениците“, посочуваат од локалната самоуправа.

д

Од Општина Илинден, воедно, апелираат до сите сопственици на кучиња, без разлика дали се регистрирани или не, да се грижат за своите миленици и да не ги пуштаат без придружба на сопственикот да се движат на јавни места.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ