„Ние, како општина, ги презедовме сите правни механизми што ни се достапни! Не помогнаа ни глобите ни казните. Овој проблем треба да се реши долгорочно, а за тоа е потребна е координација и притисоци од страна на сите надлежни институции“, вели градоначалникот Горан Герасимовски.
Општината петицијата ја проследила до МВР, Министерството за економија и труд, Министерство за животна средина и просторно планирање, Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за животна средина и, како што е наведено, побара да се одржи итна средба за решавање на проблемот на засегнатите станари.
„На барање и поплаки на жителите за прекумерна бучава, Општина Центар во повеќе наврати го санкционираше спорниот локал со глоби, опомени и забрани за вршење дејност. Инспекциската служба на Општината и натаму ќе продолжи со санкционирање на сите угостителски објекти кои не го почитуваат законот, но за долготраен успех потребна е соработка на сите надлежни институции“, се вели во соопштението на Општина Ценар.