сабота, 19 октомври 2024
Трета среќа

Општина Аеродром изготви уште една корегирана верзија на ДУП за дел од населбата Лисиче

Објавено на

часот

Сподели

„При изготвување на втората и третата коригирана верзија на планот, Општина Аеродром ги зеде предвид забелешките доставени од страна на граѓаните и правните лица. Во таа насока, согласно нивните барања актуелната верзија на деталниот урбанистички план, освен намалување на бројот на проектирани улици, предвидува и две нови зелени површини во форма на парковско зеленило и намалување на бројот на објекти за групно домување, како и кратење во делот на нивната катност. Конкретниот детален урбанистички план предвидува и можност на изградба на голем број индивидуални објекти, а со неговото донесување ќе се решат и голем дел од проблемите со легализација на индивудалните објекти за домување“, велат од општина Аеродром.

Оттаму убедуваат дека се цврсто решени да изготват детален урбанистички план, каде ќе бидат земен предвид најголем дел од забелешките на граѓаните и план кој ќе ги реши отворените урбанистички прашања.

„Конкретната верзија на планот за дел од населбата Лисиче ги остварува нашите заложби за нови парковски површини, зеленило и хумана урбанизација на просторот. Процесот на носење на деталниот урбанистички план, општината го спроведе во транспарентна постапка со целосна вклученост на граѓаните и редовно информирање на јавноста. За следната недела е закажана јавната анкета за третата коригирана верзија на планот, каде граѓаните може да ги споделат своите предлози и забелешки“, информираа од општина Аеродром.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ