петок, 18 октомври 2024
Се множат реакциите на скопските општини поради сметот

Општина Аеродром бара од Град Скопје и Комунална хигиена итно собирање на ѓубрето

Објавено на

часот

Сподели

„Делот на хигиената во Скопје кој е во надлежност на градските служби подолг временски период е во лоша состојба, а изминатите неколку денови, за жал градското јавно претпријатие „Комунална хигиена“ не успеа да најде начин како да го менаџира системот на одржување на чистата животна средина. Насекаде гледаме полни контејнери, а сите ние, граѓаните ја трпиме штетата од, неумесното и неодговорно менаџирање со јавното претпријатие. Преполните контејнери смет и лошиот мирис кој се шири во општината е одговорност на Градот Скопје и Јавното претпријатие „Комунална хигиена“. Граѓаните одговорно и навремено ја плаќаат комунална такса и тие заслужуваат чиста и средена општина. Токму поради тоа апелираме до надлежните, да ја тргнат политиката на страна и итно да изнајдат соодветно решение за собирање на сметот во  општина Аеродром“, реагираат од општината.

Општина Центар вчера преку соопштение алармираше до Град Скопје за неисчистените контејнери и преполните канти со смет, поради протестот на ЈП Комунална хигиена – Скопје.

„Голем број граѓани денеска се пожалија во општината поради нехигиената и неподносливата миризба која се шири поради преполните контејнери по булеварите и улиците на главниот град. Општина Центар апелира на итна реакција од Градот Скопје под чија надлежност е ЈП Комунална хигиена, соопштија од општината. Претходно денеска претпријатието соопшти дека неговата еко-патрола спроведува секојдневни дежурства на локациите каде што е констатирано континуирано непрописно одлагање отпад на јавни површини. Апелираме на итна реакција од Градот Скопје под чија надлежност е ЈП Комунална хигиена. Ние со своето претпријатие ќе продолжиме активно да ги одржуваме општинските површини. Предупредуваме, надлежните од Градот да не бараат оправдувања, туку веднаш да дејствуваат, високите температури надвор најмалку дозволуваат главниот град да биде претрупан со смет. Граѓаните плаќаат комунална такса и сакаат чист град“, соопштија вчера од општина Центар.

Од ЈП Комунална хигиена-Скопје велат дека еко-патроли секојдневно спроведуваат дежурства на локациите каде што е констатирано континуирано непрописно одлагање отпад на јавни површини.

Оттаму тврдат дека во текот на месец јуни, со континуирани дежурства биле покриени десетина локации во општините Ѓорче Петров и Чаир, додека неделава биле реализирани дежурства и во скопските општини Гази Баба, Аеродром, Центар и Карпош. Во текот на минатиот месец биле изготвени 51 информативно-едукативни записници за лица коишто се затекнати при неправилно одлагање одпад.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ