понеделник, 22 јули 2024

Онлајн изложба на Петра Јовановска

Објавено на

часот

Сподели

Круг, квадрат и триаголник се главните облици и елементи, кој ги истражува уметницата, создавајќи нови ликовни дела изработени во класични ликовни техники, кој потоа се дигитално обработени и манипулирани со цел да се создаде ново дело во дигитална форма.

Петра Јовановска служејќи се со овие симболи, ги продлабочува своите ликовни дела, го проширува ликовниот мотив ставајќи го триаголникот како еден геометриски облик и симбол во посредна близина со круг и квадрат, како друг геометриски облик и друг јак симбол. Се обидува да создаде нова емотивна ликовна приказна. Триаголник во кругот за неа симболизира свет на формата затворена во кругот на вечноста.

Од друга страна тука е кругот и квадратот, добро познат симбол за Петра Јовановска. Таа кругот како мотив во своето ликовно творештво го истражува веќе одреден период. Сега се обидува да го стави кругот покрај

триаголникот и квадратот и на тој начин да го трансформира и прошири значењето.

Гради визуелна и естетска традиција, ги обработува темите како одлука, спојување, повторно наоѓање. Авторката со визуално истражување прави обид за доловување на амбивалентност на присутност и неприсутност на физичко битие.

Секој изложбен простор за неа е нов предизвик за нова ликовна игра, нова ликовна приказна, каде многу битен момент е самата селекција и начинот на инсталација на ликовните дела. Ликовното истражување на геометриските облици за Петра Јовановска станува бескрајна ликовна игра.

Петра Јовановска е родена 1972 год. во Чешка, има завршено ФЛУ. во Скопје. До сега има реализирано 60 самостојни изложби (Франција, Словенија, Германија, Хрватска, Полска, Чешка…). Има земено учество во над 300 групни изложби, учесник е на голем број ликовни колонии, симпозиуми, и добитник на неколку награди.

Ликовниот проект е поддржан од Министерство за култура на Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ