понеделник, 22 јули 2024

Онлајн-аплицирањето за упис во средните училишта започнува од утре

Објавено на

часот

Сподели

„Аплицирањето нема да одземе повеќе од 15 минути. Пријавувањето на учениците ќе се врши преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука  https://e-uslugi.mon.gov.mk  со специјална најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на schools.mk Регистрација на системот нема да биде потребна и најавата ќе се врши исклучиво со корисничките сметки на schools.mk Упатството за логирање / најава во системот и пополнување на пријавата ќе биде поставено со линк на страната за логирање / најава“, соопштува МОН.

За првото пријавување на учениците во конкурсниот рок, порталот ќе биде отворен од утре, 10 јуни 2023,  во 10.00 часот. Учениците ќе може да ги пополнуваат своите пријави (апликации) заклучно со 21 јуни 2023 гнајдоцна до 15 часот, по што системот ќе биде затворен за онлајн-аплицирање од ученици.

Во периодот додека системот за аплицирање е достапен за учениците, тие ќе можат да прават  ажурирање, измени и  дополнувања на своите пријави и да имаат увид во вкупниот број на поени од успехот, без поените од дипломите.

Валидација на дипломите и внесување на поени од дипломите вршат комисиите од средните училишта.

Прелиминарната ранг-листа на запишани ученици ќе биде објавена на 22  јуни 2023 на интернет- страницата на Министерството за образование и наука  www.mon.gov.mk, односно на e-uslugi.mon.gov.mk  најдоцна до 9 часот.

Доставувањето на потребната документација  до училиштата е на 22  јуни од 12 до 19 часот и на 23  јуни од 7 до 19 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ