вторник, 22 октомври 2024

ОН: Жители на Газа упаднаа во складиштата за помош и грабаат залихи (ВИДЕО)

Илјадници жители на Газа упаднаа во магацините и дистрибутивните центри на југот и средината на Појасот, земајќи брашно и други основни материјали, соопшти агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци (УНРВА).

Објавено на

часот

Сподели

Во еден од магацините, во Деир ал Балах, УНРВА складира залихи од хуманитарни конвои кои доаѓаат од Египет, се вели во соопштението на УНРВА.

„Ова е загрижувачки знак дека граѓанскиот поредок почнува да се урива по три недели војна и цврста опсада на Газа“, се вели во соопштението на УНРВА.

„Луѓето се исплашени, фрустрирани и очајни. Тензиите и стравот се влошуваат поради прекините на телефоните и линиите за интернет-комуникација. Тие се чувствуваат препуштени на самите себеси, отсечени од своите родители и остатокот на светот.“

Во соопштението на УНРВА објавено во неделата не се прецизира во кои магацини биле извршени рации или кога се случило тоа.

Шефот за хуманитарни прашања на ОН, Мартин Грифитс, во четвртокот рече дека помошта „едвај капеше“ во Газа во изминатата недела, додека израелските бомбардирања се интензивираат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ