сабота, 19 октомври 2024

ОН усвоија руска резолуција за непоставување оружје во вселената

Генералното собрание на Обединетите нации усвои резолуција, предложена од Русија, со која земјите се повикуваат да не поставуваат оружје во вселената.

Објавено на

часот

Сподели

За резолуцијата гласаа 127 земји, додека 51 беа против, а шест членки беа воздржани. Коавтори на документот се Белорусија, Кина, Куба, Северна Кореја и Египет.

Во резолуцијата се повикуваат сите држави, особено оние кои имаат капацитет да дејствуваат во вселената, да ја разгледаат можноста „да изразат посветеност на политичката обврска дена нема први да распоредуваат оружје во вселената“.

Покрај тоа, на земјите им се предлага што побрзо да почнат да работат на нацрт договор за спречување на распоредување оружје во вселената врз основа на нацртот подготвен од Русија и Кина, претставен во 2008 година на Конференцијата за разоружување.

Авторите на документот потврдуваат дека спречувањето на трка во вооружување во вселената е итна задача.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ