сабота, 19 октомври 2024

ОН се „загрижени“ за тоа што САД „ги надгледуваат комуникациите“ на генералниот секретар Гутереш

Објавено на

часот

Сподели

„Обединетите нации на земјата домаќин официјално му изразија загриженост поради неодамнешните извештаи дека комуникациите на генералниот секретар и други високи функционери на ОН биле подложени на надзор и мешање од властите на САД“, се наведува во соопштението.

„ОН јасно дадоа до знаење дека таквите акции не се во согласност со обврските на САД според Повелбата на ОН и Конвенцијата за привилегии и имунитети на Обединетите нации“, се додава.

Вашингтон пост, повикувајќи се на протечените доверливи документи на Пентагон, пренесе дека Соединетите Држави прислушувале разговори на Гутереш со други функционери на ОН, особено за Украина.

За објавувањето на тие документи правосудството на САД во петокот обвини еден војник. Објавувањето низа доверливи американски документи, особено за војната во Украина, го стави Вашингтон во непријатна позиција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ